Дебатата за излез или останување во ЕУ поминува во знакот на конфликтите лондон

Вообичаена практика е државите да подготвуваат  кризни планови за справување со драматични ситуации како терористички напади, природни катастрофи или финансиска криза. До неодамна, сепак британската влада објаснуваше дека ако на 23 јуни избирачите гласале за излегувањето на земјата од ЕУ, нема да влезе во акција никаков кризен план. Министерството за финансии сепак призна дека планира да ги анализира сите ризици од евентуални дилеми на финансиските пазари како резултат од гласањето против останувањето во ЕУ. Оваа анализа  ја прават Н. Мартин и В. Дик од Дојче Веле.Но немаше речиси никакви дискусии за тоа како Британија планира да ги предоговори позициите со останатите земји, ако дојде до т.н.. Brexit (излегувањето на Велика Британија од ЕУ). Наместо тоа првите шест недели од кампањата  која му претходи  на референдумот, поминаа во знакот на секакви апокалиптични сценарија. Британските избирачи беа предупредени за какви ли не финансиски и социјални паѓања – без разлика дали земјата ќе остане во ЕУ или ќе ја напушти. И на крајот тоа ги донесе избирачите до целосна конфузија.

Предвидувањата велат  на  пример дека ако земјата остане во ЕУ, кон неа ќе дојдат  1 милион нови мигранти. Министерот за финансии, Џорџ Озборн, пак, рече дека при Brexit цените на недвижностите требало да паднат со до 18%. “Додека не се дефинира што точно значи Brexit, ќе владее една општа несигурност во која секој може да шпекулира какоси сака”, вели во оваа врска професор Иан Бег од London School of Economics.

Дебатата за излез или останување во ЕУ поминува во знакот на конфликтите меѓу премиерот Дејвид Камерон и поранешниот лондонски градоначалник Борис Џонсон. Камерон се залага за останување во Заедницата, а Џонсон не престанува да тврди  дека Британците треба да ја напуштат, па дури почна да зборува дека ЕУ одел по стапките на Хитлер и исто како  кога тој него имал намера да создава некоја мега-држава. Проф. Бег не верува на мрачните предвидувања на тема Brexit. Бидејќи дури и да се донесе одлука за излез од ЕУ, Велика Британија нема да ја напушти веднаш, објаснува професорот: “Пред да ја напушти Заедницата, земјата мора да помине низ задолжителен двегодишен период на преговори, во рамките на кои се одлучува на кој начин да се изврши излегувањето и што да замени досегашните аранжмани – на пример во областа на трговијата, слободата на движењето, социјалните стандарди “. на овие преговори ЕУ би можел да ги ” казни “Британците за нивната одлука да ја напушти Заедницата.”Поверојатно е сепак Лондон да успее да договори со Европејците такви услови какви што важат и за Швајцарците, Норвежаните и Исланѓаните. Така Британците и понатаму би го задржале своите добри контакти со Европа”, вели проф. Бег. Но поради недостаток на релевантни преседани сите прогнози на тема Brexit не будат особено доверба кај британските гласачи.британци

Досега само Гренланд  ја напуштила ЕУ.Откако во 1982 година по силата на референдум одлучи да се одвои од Заедницата, Гренланд договори нови односи со ЕУ само во рок од три години.”Гренланд е многу посебен случај, бидејќи успеа да освои поголема независност од Данска и истовремено да ја напушти ЕУ. Но Гренланд има само 56 000 жители, а единствениот економски интерес, кој требаше да се брани на преговорите со ЕУ, се однесуваше до риболовот “, потсетува проф. Бег. За споредба: Велика Британија има население од 64 милиони жители и претставува втората по големина економија во Европа. Од што следува дека тешко можат да се прават било какви споредби. Речиси месец пред референдумот кампањата за останување во ЕУ добива се повеќе приврзаници. Што може да се толкува како знак дека британските избирачи очигледно се плашат да ја напуштат Заедницата. Во исто време, сепак, факт е дека британските анкети и друг пат се пророкуваат грешни резултати.

Слични содржини