Стрејсенд: Не сум била сексуално малтретирана, но ме исмеваа поради мојот изглед

од Vladimir Zorba

  Американската актерка и пејачка Барбара Страјсенд изјави дека, иако никогаш не доживеала сексуално вознемирување за време на нејзината кариера, сепак била жртва на малтретирање од медиумите поради нејзиниот физички изглед.

– Никогаш не бев како оние девојки со мали носиња. Можеби тоа е причината, вели Страјсенд одговарајќи на прашањето дали некогаш била цел на сексуално вознемирување.

Така, актерката остро го критикуваше сега веќе починатиот ТВ новинар Мајк Волас, за кого рече дека претерал со болните прашања упатени кон неа при едно интервју во 1991 година. По интервјуто, Стрејсенд му се јавила на Волас да протестира, но тој, веќе во наредната емисија, излажал дека на пејачката и се допаднало интервјуто.

Страјсенд доби Оскар за најдобра оригинална песна, за „Еvеrgrееn” oд 1977., главната песна од филмот „Ѕвездата е родена”. Таа доби Оскар и за главна женска улога – во филмот „Забавна девојка“ од 1968 година.

Слични содржини