Стрит арт и препознатливиот авторски печат на Ристески

од Vladimir Zorba

Street art  или Уметност на улица е вистинскиот слободен израз за уметнците. Познати по нескротливиот дух, овој правец им дава можност на авторите да критикуваат, укажат на појави и намери, но и да го реосмислуваат просторот. Муралите, графитите се едно од најмоќните изразни форми, а зад нив се потпишуваат големи имиња како Бенкси, Хенкси, СУИКО, Колет Милер и многу други. Во Македонија, на еден динамичен и експресивен начин се изразува авторот Давид Ристески.  Тој црта графити на малите сандачиња/трансформатори за струја кои ги има низ уличките во Скопје, a најверојатно и во дел од останатите градови низ Македонија. Dreadpen секојдневно ги објавува на неговиот Инстаграм профил.  Во Македонија реосмислувањето на јавниот простор и примената на графити културата, не е ретка, но не е ни доволно застапена. Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје до сега беше иницијатор да се унапредува оваа форма на експресија, уметничката група „ЗЕРО“ се потпиша на мурал на еден од ѕидовите на оваа институција. МКЦ го потикна и проектот мурали во Скопје, каде муралистот Векс Ван Хилик, „обои“ со сопствен печат една зграда во главниот град.

Незабранетата улична уметност на бунтовникот СУИКО

Слични содржини