Учениците од средните општински училишта „Јане Сандански“ и „Димитар Влахов“ од Струмица, денеска, му дадоа поддршка на третиот средношколски марш во Скопје. Последните два часа од првата смена наместо во училниците ги поминаа во ходниците на училиштата.

srednoskolciStrumica (2)

Тука се дружеа и беа единствени во своите барања – да се укине екстерното тестирање и да се врати стариот модел на полагање на државната матура. Учениците најавија дека ќе ги поддржат сите активности на Средношколскиот пленум.

Слични содржини