struga-540x419

Градоначалникот на Струга, Зијадин Села најави дека граѓаните преку референдум ќе бидат прашани за судбината на плажите во градот. Ова доаѓа откако денеска градскиот совет и мнозинството советници гласаа за тоа, точката која се однесуваше на крајбрежјето да биде повлечена од дневен ред.Со неа се предвидува плажите да не се издаваат под концесија.

Во меѓувреме Села пред Уставниот суд покрена постапка,обжалувајќи ги измените во законот за градежно земјиште кој предвидува при повторно издавање на плажите под концесија, предност да имаат оние кои до сега ги стопанисуваа.

Слични содржини