Сценариото за следната сезона на „Игра на престоли“ се појави на интернет

од Vladimir Zorba

Претпоставеното сценарио на седмата сезона на популарната серија “Игра на престоли” се појави на интернет, соопшти Heat Street. 5130499Изданието детално го опиша она што ќе се случува во секоја од 7-те епизоди на седмата по ред сезона. Првично информациите се појавија на профилот Free Folk на сајтот Reddit. Подоцна профилот беше отстранет.

Засега нема потврда дека објавените материјали имаат врска со серијата. Во исто време британската актерка Натали Емануел, која ја толкува  улогата на Мисандеи, ги критикуваше оние кои шират однапред информациите за филмот.

На страната на Твитер таа изјави дека има луѓе кои имаат намера да ја расипат седмата сезона на серијата. Премиерата на седмата сезона треба да биде следната година.

Серијата е удостоена со многу престижни награди, а неодамна постави и рекорд во вкупниот број на добиени статуетки “Еми” – 38 на број.

Слични содржини