„Студена војна“ меѓу Кина и Америка

од desk2

Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги запре „непријателските“ и „опасни“ воени летови.


Имено, во неделата два кинески борбени авиони пресретнале американски извидувачки авион во меѓународниот воздушен простор меѓу Источното Кинеско Море и Жолтото Море.

Кинеското министерство за одбрана наведе дека потегот на пилотите на кинеските авиони бил легален, неопходен и профеионален, пренесе AFP.

„Американски воени авиони кои се приближуваат на кинеската граница и изведуваат извидување, ја загрозија националната безбедност на Кина, ја нарушија кинеско-американската воздушна и поморска безбедност ја загрозија личната безбедност на двата пилота“, се вели во соопштението на кинеското министерство .

Додаваат, дека американската страна мора да престане со таквите небезбедни, непрофесионални и непријателски опасни воени активности и да преземе мерки кои би допринеле за позитивна енергија за развивање на кинеско-американските воени односи.

Портпаролот на Пентагон, капетанот Џеф Дејвис вчера рече дека еден од кинеските авиони се приближил на американскиот со голема брзина на задниот дел и под авионот, а потоа успорил и се повлекол, поради што пилотот на EP-3 презел евакуациона акција.
Дејвис акцијата на кинескиот пилот ја нарече небезбедна.

„Ова не е карактеристично за нормално безбедно однесување кое го гледаме кај кинеската војска. Постојат пресретнувања кои регуларно се случуваат во меѓународен воздушен простор, а голем број од нив се изведени на безбеден начин. Тоа беше исклучок, не норма“, вели Дејвис.

Слични содржини