Речиси празни се факултетските аули каде денеска се одржуваат изборите за претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Излезеноста е минимална, а на повеќето факултети се забележува и недостиг од паравани за гласање, со што се оневозможува самиот изборен процес.

13576499_10209401565067298_1572396874_n

На факултетите се забележуваат и претставници на Студентскиот пленум, кои за денеска најавија активен бојкот на изборите. Пред неколку минути, на Правниот факултет сакаше да гласа и сегашниот претседател на СПУКМ со изминат мандат Кирил Спировски, но поради немање на параван каде тајно ќе може да гласа, се откажа, информира репортерот на Радио МОФ.

13563698_1206952772671103_2000996042_n

Претхпдно платно на кое пишува „Само СДСМ, Соросовиот Пленум и Папуа Нова Гвинеја спречуваат избори“ утрово осамна на влезот на кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На студентите кои одат да гласаат за идниот претседател на Студентскиот парламент им се делат флаери на кои е прикажана членка на Студентскиот пленум, во присуство на пратеничката Радмила Шеќеринска од редовите на СДСМ

 

 

 

Пвеќе ТУКА

Слични содржини