Студентите активисти на Студентското движење за еднаквост – критичко студирање и делување од Приштина се солидаризираа со активноста на Студентски пленум и ги поддржуваат барањата на студентите од Универзитетот „св. Кирил и Методиј“ од Скопје.

– Зголемување на тарифите, техникализација на знаењето, зголемувањето на контролата и цензурата на власта се појави кои го уништуваат универзитетот и универзитетскиот живот како во Косово така и во други држави во светот во кои владее неолибералниот систем. Но, отпорот против овие ограничувања ја создаваат каузата околу која треба да се обединат студентите. Во таа насока, окупацијата на Универзитетот која се спроведува од неолибералната политика е всушност ослободување на Универзитетот, се вели во соопштението на ова движење.

Студентското движење од Косово забележува дека неолибералните закони кои ги бранат делумно интересите, на штета на мнозинството, се спроведуваат од авторитарни власти.

– Овие влади разбираат само еден јазик: отпор и одлучност. Со помош на отпорот, вашето барање за автономија е вусшност посветеност за реализација на вашите цели. Само напред!, се вели во заклучокот на соопштението на Студентското движење за еднаквост – критичко студирање и делување од Приштина.

Слични содржини