Колеги, професори, родители, граѓани! Студентите ве повикуваат на протест, вечерва во 19ч пред канцеларијата на СПУКМ (кај студентскиот дом Кузман).

Ние, студентите од Универзитетот “Св. Кирил и Методиј„ кои вчера баравме праведни и слободни избори за студентски претставници бевме брутално нападнати и омаловажени. Нашата академска чест беше понижена, нашите индекси скинати!

13590401_1786582524905362_8374533839898008944_n

 

Вчера бевме сведоци на фијаското на Студентскиот парламент при УКИМ кој оддржа избори за студентски претседател вон академскиот календар на универзитетот, без паравани за гласање, присуство на лица кои не се студенти, без обновен печат, без студентски листи, ниту пак обежани ливчиња.

Дополнително обременети со бојкот од студентите, наместо да ги поништат изборите, СПУКМ ги грабна кутиите и се даде во бег!

Corpus delicti од вчерашното тепање на студентите


И покрај нашето право да добиеме одговори, добивме само безмилосно газење од страна на ЕБР, добивме насилно влечење од просторот кој ни припаѓа нам! Од универзитетот добивме само молк!

БАРАМЕ

1. МВР веднаш да ни ги достави извештаите во кои се согледува зошто беа распоредени специјални единици на мирната блокада која се случи пред просториите на Студентскиот парламент

2. Поништување на изборите за претседател на СПУКМ од страна на Изборната комисија на СПУКМ или в.д. Претседателот на СПУКМ, Кирил Спировски

3. Изјаснување на Универзитетскиот сенат, Ректорската управа, Ректорот и проректорите, кои мораат остро да ги осудат вчерашните случувања, и не смеат да ги признаат овие срамни избори

4. Непризнавање на претставниците на СПУКМ во раководните тела на УКИМ од страна на УКИМ
Во спротивно, пленумот радикално ќе го бојкотира почетокот на академската година и нема да ги уважува одлуките на универзитетските тела.

Ќе го испереме овој академски срам! Ќе победиме!

Слични содржини