Студентскиот пленум објави известување во кое соопштува дека бојкотот на наставата е успешно спроведен низ целиот Универзитет. Ви го пренесуваме интегрално.

univerzitetot_e_nash-890x395

Во текот на денот, бојкот на настава се случи на Педагошка академија, Ликовна академија, Шумарски факултет, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Природно математички факултет, Земјоделски факултет, Архитектонски факултет.

На Факултетот за драмски уметности, по иницијатива на студентите, уште од почетокот на прогласување на Автономната зона на ФЗФ/ФЛФ, во знак на поддршка не се реализира настава.

На Правен факултет веќе два дена, се случуваат предавања како дел од алтернативниот курикулум кој го организираат студентите од Правен факултет.

Во тек е сè уште и автономната зона на ФЕИТ/МФ, како и бојкотот на наставата на ФИНКИ и ТМФ!

Слични содржини