spukim-3-860x672

„Студентски пленум“ на својата страница на „Фејсбук“ ги повикува сите студенти и граѓани да одат пред студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“, затоа што, како што пишуваат, членови на СПУКИМ, заедно со припадници на специјалните полициски сили, насилно ги грабнале гласачките кутии од денешните избори.

„Сите пред „Кузман“ студентскиот дом. Пред 20 минути насилно беа украдени четири гласачки кутии и беа донесени во канцелариите на СПУКМ. Во моментов сме тука, внатре се заклучени со неколкуте кутии. Во моментов ние повикавме полиција и ги покануваме медиумите да дојдат пред СПУКМ (кај студентскиот дом Кузман)“, пишува на страницата на пленумот.

Како што претхондо информираа неколку интернет портали на Правниот факултет имало и насилство меѓу студентите кога дошле полицајците и насилно ги одзеле кутиите.

Претходно, додека сè уште траеше гласањето на факултетите, „Студентски пленум“ ја оспори регуларноста на изборите за претседател на Студентски парламент.

На гласањето немаше избирачки список, печати на гласачките ливчиња, паравани за тајно гласање, а избирачките кутии беа обложени со бели листови.

 

МЕТА

Слични содржини