Студентите од „Студентски пленум“ утре во 8 часот ќе се соберат пред Ректорската управа на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ (УКИМ) каде што е закажана вонредна седница по повод случувањата околу изборот на нов студентски лидер.

rektorat-860x680

Тие ги повикуваат своите колеги да дојдат на седницата и да го споделат своето мислење околу изборот на новиот претседател на Студентски парламент при УКИМ (СПУКМ), Давор Поповски.

Студентите, на протестот кој во петокот го започнаа пред зградата на Студентски парламент и потоа продолжија на платото пред УКИМ, уште еднаш порачаа дека бараат поништување на изборите за претседател на СПУКМ.

Тие ја оспоруваат регуларноста на изборите, бидејќи на гласањето немаше избирачки список, печати на гласачките ливчиња, паравани за тајно гласање, а избирачките кутии беа обложени со бели листови/извор Мета

Слични содржини