Студентски референдум на УКИМ, се појави и директорот на БЈБ-Митко Чавков

од desk3

Неочекувано масовна излезност – вака пленумците го оценија референдумот-јави 24 Вести. Заклучно 17.00 часот студентите имаа можност неофицијално да се изјаснат дали Студентскиот парламент на УКИМ да биде дел од Универзитетот или да остане невладина организација.
studentski_referedmun
„Се надеваме дека Сенаторите ќе ја препознаат волјата на студентите и одлуката којашто треба да ја донесат за студентското претставничко тело ќе ја донесат врз база на студентите“, изјави Бојан Ефремов од Студентскиот пленум.
Референдумот помина мирно и без инциденти. Но неочекувано поради непозната причина на Правниот Факултет се појави доскорешниот министер а сегашен директор на БЈБ Митко Чавков. Припадниците на студентскиот пленум ја искористија можноста да го прашаат Чавков по чија команда полициските специјалци ги избркаа студентите за време на студентските избори.
Зошто Чавков денеска беше во посета на Факултетот и дали тоа е поврзано со студентскиот референдум нема одговор и од МВР.
Повеќе ТУКА

Слични содржини