Студентскиот парламент на УКИМ, денеска по подолг период се огласи со соопштение на својата Фејсбук страница, во него вели дека не ја поддржува окупацијата на Универзитетот и се залагаат за институционално решавање на проблемите.

„Иако со Студентски и Професорски Пленум, сме на иста страна и досега многупати ги подржавме нивните активности ( како на пример протестите, барем голем дел од нашето членство) сепак, идејата за окупирање на универзитетот нема да добие наша поддршка. Сметаме дека е контра правно да се окупира универзитет и да се демонстрира незадоволство, истовремено спречувајќи ги другите студенти нормално и редовно да учествуваат на наставата. Учеството на наставата е остварување на правото на образование, а да потсетиме дека во правните акти (Уставот, законите, конвенциите) рамката на слободата за остварување на правото е спречена од судирот со поединец или група кои имаат слобода на остварување на права повторно се дури не ја загрозат слободата на другиот/другите“, стои во соопштението , на провладиниот Студентски парламент.

Слични содржини