Студентскиот пленум бара правен начин за оспорување на изборот на новиот ректор Никола Јанкуловски. Овој нивен чекор следува откако вчера во тензична и напната атмосфера на Ректоратот, Верификационата комисија ги констатираше мандатите на 10 сенатори од Студентскиот парламент, кои за Пленумот се истечени и нелегитимни.

studenti_pred_rektorat_1

Ревизија на гласањето на Сенат не може да има, но доколку Пленумот смета дека можат да го оспорат, тоа е нивно право, вели во изјава за Телма поранешниот ректор Велимир Стојкоски. На ним им биле предадени документи од Централен регистар, дека СПУКМ спровеле тајно гласање за избори на студентски сенатори, предложени со печат и потпис, а службите на Универзитетот ги провериле кандидатите. Ние не сме истражен орган да утврдуваме   дали печатите и потписите се лажни, си има истражни постапки, вели Стојковски.

На седницата на Сенатот е формирана Комисија од 11 членови, од која двајца ќе бидат од Студентскиот пленум, а двајца од Студентскиот парламент. Комисијата ќе работи на менување на статутот на УКИМ во делот на делувањето на студентското организирање.

Со сегашниот статут, нам не ни дава можност да имаме влијание врз СПУКМ, тие се посебно правно лице, вели Стојкоски. Со измената доколку се изгласа, Универзитетот би имал поголема контрола на работата на студентите.

Околку изборот на Јанкуловски за нов ректор, со став изглегоа и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Според опозицијата, не може да се избројат сите нерегуларности и недемократскиот амбиент во кој се избираше новиот ректор.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини