Стуџински од Германија победник на Охридскиот маратон, Поп Ацев втор

од desk2

Германецот Александар Стуџински е победник на 31. Охридски маратон кој се одржа денес, втор целта ја мина нашиот Евгениј Поп Ацев.

Денеска во Охрид по 31. пат се одржа традиционалниот маратон на кој победи германскиот пливач, Александар Стуџински.

Стуџински со време од 5:15,145 ја мина делницата од 30 километри од Свети Наум до градското пристаниште во Охрид.

Втор низ целта мина македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев, а трет Гиљермо Бертола од Аргентина.

Во женска конкуренција победи Барбара Позобон од Италија.

Слични содржини