Да, грозно е. Ама згрозувањето не е доволно. И прашањето е што ќе направиш  ти за ова зло да не се повтори. Не само како гледач на телевизија. Туку како гласач на кој може „ливче да му снема“.

goran

Како работник. Како невработен со ветување за вработување. Како вработен во јавна администрација среќен оти го викнале на митинг. Како пензионер што се радува на бесплатниот автобус и Панорамското тркало. Како носител на бугарски пасош што чека работа во Шведска или Велика Британија. Како студент. Како родител. Како средношколец што се радува на екстерното тестирање. Како пациент пресреќен оти му дошол терминот за преглед и ги добил најдобрите услуги. Како лекар задоволен од реформите. Како судија без Сваровски. Како угледен амбасадор што на улица дели пасоши во дијсапората. Како газда на медиум што води сметка за јавниот интерес. Како новинар на кого му е дозволено да праша што сака. Како главен уредник што има право на избор дали ќе употреби куртон или не.

На крајот на денот, прашањето е што ќе направиш и ти како партиски активист на владејачката партија. Што ти останува кога неколку луѓе ќе ти ја украдат идеологијата, партијата и државата? Затоа ич не е важно кој ќе победи на овие избори во Македонија. Ама ич. Важно е да се порази груевизмот.

Горан Михајловски

колумната во целост прочитајте ја тука

Слични содржини