Судар на два воза кај Нови Сад, повредени најмалку 22 патника

од Vladimir Zorba

Најмалку 22 лица се повредени синоќа при судар на патнички и товарен воз во близина на српскиот град Нови Сад, јави Танјуг.

Според директорот на железничкото претпријатие „Србијавоз“, Југослав Јовиќ, при несреќата потешко се повредени четири лица, додека останатите 18 минале со полесни повреди.

– Сите повредени се вон животна опасност, но засега немаме инфромации колкумина од нив ќе бидат задржани на болничко лекување, рече Јовиќ.

Според извори во српското Министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура, несреќата се случила кога патничкиот, што сообраќал на релација Нови Сад – Сомбор, удрил во последниот вагон од товарната композиција што се движела пред него.

Во време на сударот патничкиот воз се движел со брзина од 15 километри на час.

Засега не се познати причините за сударот, како ни зошто двата воза се движеле по ист колосек.

Слични содржини