Судбоноски часови за иднината на Германија: Ако има договор меѓу ХДС/ХСС и СДП влада дури во март

од desk4

Почнуваат преговорите меѓу лидерите на трите најголеми партии во Германија – ХДС, ХСС и ГСДП за формирање влада. Ова се случува откако вчера германската социјалдемократска партија /ГСДП / даде зелено светло за започнување на официјални коалициски преговори со блокот ХДС /ХСС на канцеларот Ангела Меркел.

На конгресот во Бон 362 од 642 делегати гласаа за започнување на консултациите со конзервативците. 279 делегати гласаа против новата “голема коалиција”, која во Германија ја нарекуваат заедничкото управување на двете најголеми политички сили ХДС / ХСС со СПД.

Имаше само еден воздржан во гласањето. Бидејќи имаше мал проблем при пребројувањето, гласањето се одвиваше со кревање на рака, а членот на президиумот на СПД Хајко Мас донесе одлука за повторно пребројување на гласовите. Претседателот на ГСПД Мартин Шулц изјави дека очекува тешки преговори за составување на владејачка коалиција.

“Партиите кои влегуваат во коалицијата, треба да се подготват за преговорите кои ќе бидат толку тешки колку и сондирачките консултации”, рече тој.
Преговорите треба да продолжат, според планот, за 5 дена, но на последниот ден на консултациите преговарачите ќе разговараат околу 25 часа.

Ангела Меркел се надева дека преговорите да завршат до средината на февруари. Но, дури и тогаш, ако страните не се договорат за коалицискиот договор, последниот збор повторно ќе го имаат социјалдемократите.

Над 440 илјади членови на СПД треба да го дадат своето мислење во врска со договорот. За организирање и спроведување на гласање ќе одат најмалку уште три недели. Значи новата влада најверојатно ќе стане факт во април или средината на март.

Слични содржини