Süddeutsche Zeitung: Русија атакува- Со победа на социјалистите Бугарија ќе стане уште повеќе проруска

од Vladimir Zorba

БСП требало да продолжи проектите за нуклеарката “Белене и гасоводот” Јужен поток “

Во неделата во Бугарија ќе се одржат парламентарни избори и во случај на победа од Социјалистичката партија Софија може да го смени курсот во односите со ЕУ и Русија, пишува новинарот од Süddeutsche Zeitung Флориан Хасел.

Како и сегашниот претседател Румен Радев, лидерот на социјалистите Корнелија Нинова се однесува негативно кон антируски санкции на ЕУ и вети дека ќе стави вето на нивното продолжување во случај на победа на изборите.   Како што пишува Хасел, влијанието на Москва во Бугарија е доволно силно. Според податоците на Центарот за проучување на демократијата во Софија, Русија “контролира една четвртина од руската економија” или дури 40%, ако се земат предвид бугарските компании кои зависат од руските компании.

Во случај на победа Нинова исто така, има намера да продолжи  со многомилиардниот енергетски проекти со Русија, како и изградбата на нуклеарката “Белене и гасоводот” Јужен поток “.   “Путин не сака да ја  контролира Бугарија како скапа земја-сојузник, како што беше во советската ера – изјави поранешниот амбасадор на Бугарија во Москва Иван Василев. –  Но тој, сепак, сака да има влијание врз бугарската политика, за да не дозволи непријатни одлуки и да обезбеди доминацијата на Москва на енергетскиот пазар. “

Слични содржини