Судење на Зоран Божиновски

од Vladimir Zorba
За денеска е закажано судење против Зоран Божиновски. Тој се товари за злосторничко здружување, шпионажа и за уцена.
Претходниот месец по читањето на обвинението, судењето беше прекинато и одложено за денеска бидејќи Божиновски најмил нова адвокатка.
По нејзино барање, судењето беше прекинато, за таа да направи увид во предметот, за да подготви одбрана. На почетокот на претходното судење, кога почна да се чита обвинението, Божиновски кај квалификацијата „злосторничко здружување“, реагираше дека тој не е дел од такво нешто, дека не прифаќа такво обвинение и дека судијката што го води неговиот случај и Основниот суд Скопје 1 каде таа работи се злосторничко здружување, заедно со обвинителството.

Слични содржини