Судијата Јосифов со кого МВР си играше мајтап за истрагата за Младенов ќе му суди на Груевски

од desk4

Судијата Душан Јосифов од Основниот суд Скопје 1, Скопје, според новиот распоред што го направи претседателот на судот Иван Џолев, ќе го суди предметот „Насилство вво Центар“ каде што е обвинет Никола Груевски, заедно со Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и уште десетина други партиски активисти, пишува порталот Сведок.

Фотографија од прес конференцијата на Зврлевски, Ѓешковска, Јанкуловска, Панчевски и Душан Јосифов (последен на сликата десно)

Јосифов го добива предметот од Татјана Михајлова, која беше и в.д. претседател на скопскиот суд, а со распоредот на Џолев пратена е да суди прекршоци во бараките во Градскиот парк во скопје.

Но, да се потсетиме кој е судијата Душан Јосифов?

Неговото име низ медиумите почна да се споменува во март 2013 година, кога, како истражен судија бил на увид на местото каде што загина новинарот Никола Младенов, сопственик на Фокус. Низ медиумите се пишуваше дека предвреме го напуштил увидот, дека не се снашол и дека тоа му бил прв случај на кој работел.

Подоцна, бомбите на СДСМ преку разговорите на Гордана Јанкуловска и Иво Котевски покажаа дека полицијата си играла мајтап со истражниот судија Душан Јосифов, на кого, после истрагата за смртта на Младенов, му предвидуваат дека ќе суди прекршоци бидејќи не се снашол како истражен а загрижени се дека може и да се обеси.

Покрај тоа што немал искуство, како што вели Јанкулоска во разговорите тој бил од „општински“ комитет на ВМРО ДПМНЕ или како што се слушаше подоцна, произлезен од нејзиното тефтерче.

Тогашниот помошник на Јанкулоска, Иво Котевски, признава дека истражниот судија направил утки во истрагата но, како што вели, тоа не треба да се кажува во јавноста.

„На крајот на краиштата ние би требало да го покриваме со милион работи“ вели Котевски во еден од разговорите.

Иво Котески признава дека во МВР се некоординирани и дека УБК воопшто не соработувала со истражниот судија. Дури дека истражниот судија не знаел ни каде да го прати возилото на Младенов на вештачење, па МВР му сугерира тоа да биде Машинскиот факултет, а не Сообраќајниот во Битола за кој се мислел судијата Душан Јосифов.

-Непрофесионалното постапување во случајот, несоработката на УБК, назначувањето на неискусниот истражен судија, се втората доволна причина да биде отворена истрага за смртта на Никола Младенов, рече Зоран Заев на прес конференција во партиското седиште кога ја објавуваше 30-тата „бомба“, но до денеска не само што нема нова истрага, туку судијата го доби и предметот со Никола Груевски за „Насилството во Ценатар“ против Никола Груевски, Миле Јанакиески, даниела Рангелова и други.
Двајца од обвинетите признаа вина, им беа изречени условни осуди и за нив пресудите се правосилни, а за еден, кој тврдеше дека има психички проблеми, постапката беше раздвоена.

Но, на судењето кое е закажано на почетокот на февруари и кое треба да почне од почеток, судијата Јосифов може да одлучи и за повторно спојување на предметот, доколку има услови за тоа.

Засега нема никаква најава дека судијата Душан Јосифовски ќе си бара свое изземање од предметот, по се што беше објавено за него од екс министерката за полиција Гордана Јанкуловска, со која се појави на иста маса на прес конференцијата на која беше објавено дека е затворена истрагата за смртта на Никола Младенов како несреќа.

Во продолжение пренесуваме разговори кои се однесуваат на судијата Душан Јосифов, произлезени како транскрипти од прислушуваните телефонски разговори.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котевски

ГЈ: Да
ИК: Е, само да докажам, мислам, утре ќе ми каже овој финално дал добил, дал не добил Добре, ама генерално праел муабет со Ушлинковски и Ушлинковски му рекол дека кај нив крим техничките вештачења значи се завршени.
ГЈ: Супер, сабајле нека ги пуштат.
ИК: Е, со тоа што, сеа не знам дал ќе стигне сабајле да ги искуца, за тоа треба само да ми јави овој од сообраќај. Ако го искуцаат од кај Ушлинковски, ќе ги пуштиме…
ГЈ: И да не се пуштени, ја ќе речам готови се, во текот на денов ќе ги пуштиме.
ИК: Да, да. Е, ама сега за тој вториот дел малку да дообјаснам. Значи, готови се крим техничките вештачења кај анс, тоа не е спорно, ама тешко е дека ние ќе ги пуштиме до истражниот судија затоа што нас ни бара, вика, нас нé задужува за истрагата и вика, ни бара комплетен предмет, а тоа подразбира, не само крим техничките вештачења, туку и фото албум, скици, дндр мндр…
ГЈ: Добро, ама…
ИК: Затоа што, нели, треба време за да се изработи, значи, утре многу тешко, да не лажеме затоа што ќе се јавуваат у Суд да проверат, ние ќе немаме у Суд, и прашање е дали до крај на неделава…
ГЈ: Не, ок е тоа дека крим техничките се готови и има и уште други материјали што треба да се комплетираат и готово.
ИК: Да, да. И штом ќе го докомплетираме предметот, ќе го изработиме, ќе му го доставиме, кога, ќе видиме, можно е до крај на неделата, можно е до нардната.
ГЈ: Кога, кога ќе бидеме готови, ха.
ИК: И поентата е што веројатно од нас ќе бара во склоп на предметот ние да го зимаме вештачењето што треба Машински факултет да го праи. Значи, тоа за техничка исправност, кочници, мочници.
ГЈ: Да де, да.
ИК: Истражниот вика, чекаме ние да ја даде наредбата за Машински…
ГЈ: Истражниот ако преживее да го доврши рпедметот, добро ќе биде, хаха.
ИК: И со Џили праевме муабет, ја му викам, а бе, нашиве не праат вештачење за кола. Ај тогаш да му кажам да пише една наредба према Машински, пошто мене ми се јавуваше Ушлинкоски што да праам со колава, нека си ја земат, нека си ја вештачат за кочници.

ГЈ: Хахаха, катастрофа.
ИК: И сега да идат нашиве утре да му бараат да потпише наредба за да се вештачи колава на Машински, а вика, од искуство наше, вика, ако се запнат, може да го завршат тоа вештачење за два до три дена, ама како и да е, еве, пет дена да е, ние додека не го добиеме тоа, во рамки на предметот може да…
ГЈ: Ама, ние ќе им го насскаме после таму да се јавуваат, шо ти е гајле, хаха.
ИК: Каде, у Машински?
ГЈ: Па у Машински, да.
ИК: Апсолутно, апсолутно.
ГЈ: Хахаха, шо ти е гајле.
ИК: Апсолутно.
ГЈ: Ако сакаат нека си ја земат на раце колата и шо сакаат нека праат, ти е гајле.
ИК: Сите мислат дека ние сé праиме.
ГЈ: Да, импресивно е.
ИК: Денеска два пати ми се јавуваше овој….а, у меѓувреме, на Савовски му се јавуваше, Савовски мене уствари ме бараа од доле, од кај Ристе, дојдете, те бара овој да се чуете, многу ги напаѓат у Суд, хаха.
ГЈ: Хаха.
ИК: Каква врска имам ја сеа, хаха, шо ја да праам, хаха. Не бил проблем у судијата, е па сеа, Боже мој. А, нас па кога нé праат парче, кому плачам јас, шо да праам.
ГЈ: Они мислат дека така треба. Ај не можам да зборам сега овдека.
ИК: Ај
ГЈ: Ај.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Иво Котевски

ИК: Ало.
ГЈ: Ало.
ИК: Да.
ГЈ: Што правиш бе Иво?
ИК: Еве се враќаме у кола. До сега гњавеа.
ГЈ: А што те гњавеа.
ИК: Да им дообјаснувам. Не, не. За овакво, што требало до крај, како требало.
ГЈ: Ја не знам, ти да си појдеш, да си бидеш истражен судија најарно ти е.
ИК: Ама не…
ГЈ: На кого треба ќе си даваш наредби,
ИК: Стварно…тој…мислам, не го биѓава. Не е тоа за во јавност, ама не го биѓава.
ГЈ: Леле, ама денес, мислам, попладне ќе го збудалат. После…
ИК: Не да ќе го збудалат. Ха, ха.
ГЈ: После ваква изјава мислам дека ќе го најдат обесен утре. Ха, ха, ха.
ИК: Ама кој ќе го слуша тек сега, колку ќе плаче овој Џилвиџиев, што е претседателот на суд.

ГЈ: Па ти што му дигаш на него?
ИК: А бе му дигав вчера пошто му го немав меморирано. Сега му го имам меморирано телефонот, ама и да не му дигам он се јавува кај Савовски, Савовски му се јавува мене. Ха, ха.
ГЈ: Леле, леле.
ИК: Затоа што нив ги фаќа непотребно паника. Мада, добро, што е за право и они се под притисок. Ама не, дека треба-треба да се договори. Мислам, со —-правевме муабет, УБК, и они можат да помогнат, само поентата е што нели, нашиве се, како да кажам…недоволно координирани. Што сега…
ГЈ: Абе добро, ама…
ИК: …си имаат и они, овакво. Ако треба нека го викнат бе и УБК да му кажат што има, како има на истражниот, сега…
ГЈ: Па не, можат после кога ќе…
ИК: Не можеш да го третираш како овакво…
ГЈ: Како што го третираат. Ха, ха.
ИК: Да бе да. Ха, ха, ха.
ГЈ: Мислам, мене жал ми е за човекот.
ИК: А бе, башка тазе е од општинските.

ГЈ: Мислам, греота е. Ќе се изремети човекот до крај на кариера ќе бара прекршоци да работи.
ИК: Ха, ха, ха. Скроз…

ГЈ: Ха,ха. Нека појдат и од УБК на состаноци, нека му кажат што имаат да му кажат. Греота е.
ИК: Ај, ќе видам јас ако не, ќе се чујам со Горан, да видам што е-како е.
ГЈ: Ха, ха, ха. Ќе го изгубиме човекот.
ИК: Ама не, затоа што УБК си ги знаеме како УБК. Они ни со овие од „сообраќај“ не комуницираат. Значи нив им е…
ГЈ: А они всушност затоа ти се јавив. А скицата напрвена е?
ИК: Колку што јас знам уште не е. Ама тоа треба да се црта допрва. Значи тоа им го објаснував дека нели „крим“…
ГЈ: Добро, ама можат да ја нацртаат за еден ден, не е нешто.
ИК: Па сега обично им требаат неколку дена, мада ирелевантно е дали денес ќе ја цртаат или утре или задутре…
ГЈ: Да де да.
ИК:…кога пред да му го пуштат извештајот во пишана форма треба да ги комплетираат сите материјали…
ГЈ: Да де да.
ИК:…вклучувајќи го и тоа, вештачењето за техничка исправност.
ГЈ: Ама тоа не зависи од нас. Овој уште не знае на кого да даде наредба за тоа.
ИК: Ха, ха. А бе он сакал у Битола да си даде.
ГЈ: А бе, кажете му таму…(кај си бе Нино)
ИК: Мислам тоа ќе…
ГЈ: Кажете му нека им даде на Машински факултет или на Бирото за судски вештачења…
ИК: Му кажав јас веќе…
ГЈ: Нека не заебава сега, кај до Битола ќе ја носи колата!?
ИК: Му кажав веќе на —-, ама ај ќе го барам јас и Џилвиџиев за да му кажам…

ГЈ: Кажи му таму…
ИК: Он нека си укаже, да не се заебава таму
ГЈ: Да, да, да.
ИК: Да не губиме многу време…
ГЈ: Да не биде ние му бираме кој да прави…
ИК: Со тоа што, знаејќи го како е изгубен, треба и

ГЈ: Добро, друго што те прашуваа?
ИК: Не, не, ништо.
ГЈ: Само за ова?
ИК: Да, за тоа ме прашуваа. Овие овде шпиуниве…
ГЈ: Ги гледам све запишуваат…
ИК: За…кога ќе сме имале соопштение. Викам у тек на денов, кога ќе ставиме…
ГЈ: А за што соопштение?
ИК: За пресот што зборела министерката.
ГЈ: Е да бе, за све ќе пишуваме ние.
ИК:….Нема врска, ќе ставиме секако.
ГЈ: Ај сега чао, почнувам со еден состанок у Влада.
ИК: Ајде.
ГЈ: Ќе се чуеме.
ИК: Важи.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Мартин Протуѓер

ГЈ: Да.
МП: Што правиш Горде?
ГЈ: Ало? Еве се спремам да искачам. Ти што правиш?
МП: Слушај, а бе Жоро ми пиша порака сега, малце чудна.
ГЈ: И што вика?
МП: Дека имал докази.
ГЈ: За што? Ало?
МП: Ало?
ГЈ: Еј, кажи, кажи. Ало?
МП: Дека имал докази за Младенов. Биле на местото на…
ГЈ: Ама не ја водиме ние за Младнов истрагата, истражен судија ја води. Но, не не проблем, ќе му направам контакт со истражниот, ако сака.
МП: Најдобро е така.
ГЈ: Чиста работа, така?
МП: Да.
ГЈ: Место по весници, или со обвинителот, да видам кој бил тогаш дежурен обвинител. Иначе истражен, дежурен мислам беше тогаш Туфегчиќ тогаш. Не е проблем. Све што има, таму кај што треба. Бива таа работа?
МП: Да, да, да.
ГЈ: Ја можам утре од сабајле да видам со Марко кој излегол на увид обвинител. И да му се понуди: сакаш ли ти бе брат да збориш со тој што е главен за таа работа? Така е најчисто, наместо да пишуваат по весници.
МП: Да, да, да.
ГЈ: А што му се доказите? Дека овој се начукал, а? Ха, ха.
МП: Не знам што му се. Кои што ќе помогнат, ќе ги спречат сите шпекулации и ќе докажат кај бил он.
ГЈ: Добро бе. Најпрофесионално, најкоретно да му закажеме со дежурниот обвинител, може и со Марко директно, ако сакаш, ако сакаш да го истретираме.
МП: Не, нејќам да го истретираме Жоро…
ГЈ: Од кај знам…
МП: А и се изнервирав, многу глупи флаери ми пратија за Центар.
ГЈ: Ха, ха, ха. Не се секирај…
МП: Леле какви кретени се, у п..у матер
ГЈ: Море гледај Куманово ти сега, само Центар го гледате да му се сневиди. Гледај таму Куманово да победиме. Ајде.
МП: Ајде.
ГЈ: А за ова немај гајле, ќе искомуницираме, ќе го средиме нема проблем. Ајде.
МП: Ајде, чао, чао.

Извор: Сведок

Слични содржини