Судијата Оливер поминува низ вистински пекол по досудениот пенал за Реал

од desk2

На англискиот судија Мајкл Оливер овие денови воопшто не му е лесно откако, според мислењето на многумина, го креираше испаѓањето на Јувентус од Лигата на шампионите.

Оливер досуди пенал за Реал Мадрид во самиот финиш од реванш натпреварот во Мадрид, при резултат од 0:3 за гостите, со кој требаше да има продолженија, но по контроверзниот пенал Роналдо ја искористи приликата и постигна гол кој значеше елиминација за Јуве, а од тој момент најдобриот судија во Премиер лигата постојано е под константни закани на социјалните мрежи.

Англиските медиуми пишуваат и дека Оливер бил принуден да и се обрати на полицијата, која поради постојаните закани, и на него и на неговата сопруга, им понуди заштита.

Како што тврдат англиските медиуми, некој наводно успеал да дојде до бројот на сопругата на Оливер и да го објави на социјалните мрежи, па набргу потоа почнале да и пристигнуваат пораки со заканувачка содржина.

„Известени сме за заканите кои се појавија на социјалните мрежи. Таквото однесување е сосема неприфатливо и тие кои пишуваат такви пораки мораат да сфатат дека тоа може да биде сериозен прекршок. Полицијата во целост се понуди за секој вид на помош, во случај овие пораки да продолжат да пристигнуваат“, изјавија од полициската управа.

Слични содржини