Судири крај џамијата Ал Акса во Ерусалим, близу 100 Арапи повредени

од Vladimir Zorba

Најмалку 96 Арапи беа повредени во четвртокот крај џамијата Ал-Акса во Ерусалим, каде што израелската полиција употреби солзавец и гумени куршуми.

 

Како  што  јави телевизија “Ал Арабија”, повикувајќи се на палестинскиот Црвена полумесечина, во вечерните молитви на територијата на религиозниот комплекс беа присутни над 100 илјади муслимани. Според “Ал Арабија”, по судирите со Арапите, израелските полицајци го затвориле пристапот до џамијата низ портата. / ТАСС

Слични содржини