Судири меѓу Талибанците и припадниците на ИД во Авганистан

од Vladimir Zorba

Терористичката група “Исламска држава” и авганистанското радикално движење “Талибан” си објавија света војна. Ова во средата го објави mashaalradio.com, повикувајќи се на началникот на полициската станица на јужната авганистанска провинција Хелманд.
Органите на прогонот имаат соодветните документи кои ги докажуваат неговите тврдења.

Претходно беше соопштено за судири меѓу Талибанците и терористите на ИД во провинциите Нангархар и Забул.

Слични содржини