Судири на приврзаници и противници на Трамп во Беркли

од Vladimir Zorba

 

Најмалку 20 луѓе се уапсени по судири меѓу приврзаници и противници на американскиот претседател Доналд Трамп во Беркли во Калифорнија.Во центарот на Беркли синоќа се собраа околу 200 луѓе при што дошло до немири. Десетици полицајци реагирале по што следувале повеќе судири со демонстрантите.

Ширум САД вчера протестираа повеќе илјади луѓе бараќи од Трамп да ја објави својата даночна пријава.

Протестите се организираат малку пред крајниот рок за пријавување на приходите во САД за 2016 година Оваа година, крајниот рок е 18 април.

Досега милијардерот-претседател одбиваше да направи овој гест, како израз на транспарентност, пренесоа светските агенции.

Демонстрантите сметаат дека Трамп се плаши да покаже даночните декларации, бидејќи сакале да излезат податоци за сомнителни или незаконски инвестиции.

Протестите беа во над 150 градови, меѓу кои Вашингтон, Њујорк, Чикаго, Филаделфија, Лос Анџелес, Бостон, Сан Франциско и др.

Слични содржини