Судири со полицијата при нов обид за апсење на Саакашвили

од desk2

Приврзаниците на лидерот на украинската опозиција и експретседател на Грузија, Михаил Саакашвили, се судрија со полицијата, која се обиде вторпат да го уапси во кампот што демонстрантите го поставија пред зградата на парламентот во Киев.


Тоа беше втор неуспешен обид на полицијата да го уапси Саакашвили откако вчера полицијата го приведе во неговиот стан, но тој побегна со помош на демонстрантите што се собраа во знак на протест против неговото апсење.

Полицијата соопшти дека во денешните судири во Киев повредени се двајца демонстранти и 11 полицајци.

Обидите да се уапси Саакашвили предизвикаа страв дека Украина би можела да се соочи со најтешка политичка криза откако таму во 2014 година изби револуција. Саакашвили претходно денеска порача дека нема да им се предаде на украинските власти откако обвинителството му даде рок од 24 часа да се предаде.

Слични содржини