Судот бара од Собранието да им симне имунитет на Василевски,Пешевска и Љупчо Димовски заради притвор

од desk4

Притворски барања за симнување на имунитет на Сашо Василевски, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски стигнале во Собранието, потврдуваат извори за ТВ 24.

Истите извори велат дека е пристигнато уште едно притворско барање, но не кажуваат за кого.

Според информациите барањата не се отворени, бидејќи се чека Претседателот Талат Џафери да се врати од пат, бидејќи до него се адресирани.

Според информациите за барањата се информирани и членовите на комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања и комисијата е подготвена утре да одржи седница.

За заклучокот на Комисијата конечниот збор го има Собранието, кое во рок од три дена ќе мора да се изјасни за извештајот на комисијата и за него треба се гласа со 61 глас.

Слични содржини