Судот денес повторно ќе одлучува за притворот на Сеат Кочан

од desk3

Обивнителите на СЈО  за притворот на бизнисменот Сеат Кочан денеска повторно ќе се појават пред судијата на претходна постапка. Судијките Моника Бахчовановска – претседател на советот и Љубинка Башеска и Весна Костова Спасеска експресно одлучија предметот за притворот на Кочан да се врати на одлучување кај судија на претходна постапка.

Сеад Кочан е на лекување на Клинката за кардиологија во Скопје, откако бил примен во прединфарктна состојба. Тој од донесувањето на решението за притвор два месеца беше во бегство и за него беше распишана потерница. Адвокатот Никола Додевски тврдеше дека е на службен пат.

Притворот на Кочан беше определен во истрагата на СЈО со кодно име „Труст“ против правните лица „Трансмет“, „Силекс неметали“ и „ВАТО“ за фалсификувани документи за учество на тендер на АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Според наодите на СЈО, ЕЛЕМ им овозможил на конзорциумот од овие три фирми да остварат имотна корист од над 17 милиони евра. Станува збор за јавна набавка за ископ на јаловина во рудникот Суводол во ноември 2011.

Слични содржини