84
Судското рочиште за аферата „Пуч“ беше одложено, бидејќи и овој пат Зоран Заев не се појави во судот. Судот за следното судско рочиште најави стражарно приведување на Заев.
Инаку, во случајот „Пуч“ покрај лидерот на СДСМ Заев, обвинети се и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, како и еден вработен во општина Струмица и еден во МВР.
Сите се товарат за шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи.