Зоран Заев на следното рочиште за случајот Пуч ќе биде донесен со полиција. Ова е одлуката и наредбата до полицијата потпишана од судијката Љубинка Башевска.заевв

Очигледно господинот Заев толку инсистира, што мора на наредното рочиште јас да наредам стражарно приведување. Очигледно почнува да си игра мајтап изјави судијата во процесот „Пуч“ Љубинка Башевска

Неговите адвокати се обидоа да го оправдаат неговото отуство со авионски билет но судот не прифати. По неколку одложени рочишта , таа не сакаше  ни да ги погледне доказите.

 За непојавувањето на Заев и непризнавањето на судот ставот на партијата останува ист.

„Доколку Специјалното јавно обвинителство го преземе предметот за конструираниот случај „Пуч“ до следното закажно рочиште на 2-ри декември, тогаш претседателот Зоран Заев ќе се појави на судењето“, велат од СДСМ. Лидерот на СДСМ откако беше покрената кривичната пријава против него на прес конференција рече дека нема да се појавува на суд бидејќи не го признава судството.

Освен Заев, за случајот „Пуч“ на обвинителна клупа седнаа и екс разузнавачот Зоран Верушевски, неговата сопруга, вработен во струмичката општина и поранешен функционер во МВР. Се товарат за дела како шпионажа и насилство спрема претставници на највисоки државни органи.

Специјалната обвинителка официјално се уште не го побарала предметот „Пуч“ од скопското Јавно обвинителство. Оттаму вчера потврдија дека таа единствено побарала статистика која се однесува на бројот на оформени предмети, назначување на јавните обвинителства пред кои се оформени предметите и броеви под кои се заведени предметите. Обвинителството ќе и одговори во најкус рок.

Слични содржини