Судот примил класифицирани докази од Зврлевски, а не ги прима од Јанева

од Vladimir Zorba

Специјалното јавно обвинителство соопшти дека повторно ќе ги достави доказите до Основниот суд Скопје 1 кои им беа вратени, пренесува СДК.

pancevski

Како што дознаваме, СЈО  се обидело пак да ги поднесе документите во 16.15 часот, но Судот, чие работно време е до 16.30, веќе бил затворен. На СЈО му било речено дека претседателот на Судот Владимир Панчевски ги ослободил вработените да си заминат порано поради судењето за Диво Насеље.

Основниот суд Скопје 1 вчера соопшти дека ги врати доставените докази од Специјалното јавно обвинителство оти не е доставен акт за декласификација на доказите, поради што не може да се оцени основаноста на обвинението. Но, од СЈО велат дека Кривичниот суд има двојни стандарди при третманот на класифицираните документи. Потсетуваат дека рочиштата за случајот „Пуч“ пролетта се одлагаа оти истиот тој суд одбиваше на СЈО да му ги даде документите, под изговор дека се класифицирани. А сега, истиот суд, не им ги прифаќа доказите оти бара тие да бидат декласифицирани.

Основниот суд Скопје 1, на трети март годинава, одби да му ги даде на Специјалното обвинителство доказите за случајот „Пуч“, со образложение дека од Обвинителството за организиран криминал, од каде СЈО ја презеде надлежноста за „Пуч“, примило класифицирани информации од кои не бил симнат предзнакот државна тајна. Во соопштение Кривичниот суд потврди всушност дека од Обвинителството за организиран криминал на Марко Зврлевски и на Јован Илиевски, без никаков проблем прима класифицирани материјали како доказ, што не е случај сега, кога СЈО до судот поднесува класифицирани информации како доказ на обвинението против Горан Грујовски и шестемина соучесници во палењето на списите за прислушуваните разговори.
текстот во целост прочитајте го тука

Слични содржини