Судот решава кој ќе ја води БЕСА, крилото на Карамани најавува нова партија доколку одлуката биде против нив

од desk2

Нова партија доколку судот не го впише Нџмедин Карамани како времен шеф на Беса – најавуваат од скопското крило за тв 24 кое со мнозинство во саботата го разреши Билал Касами.

Оттаму за ТВ 24 велат дека поднесена е тужба до Управниот суд , да се впише името на Карамани како легален претставник на паријата.

„Тужбата е поднесена, а со не а и записниците од состанокот на кој беше разрешен Билал Касами. Од судот зависи дали „БЕСА“ ќе продолжи да постои или пак ќе правием нова партија“ вели за ТВ 24 висок партиски функционер од крилото предводено од Карамани.

И додека правдата дел од довчерашните најблиски соработници на Билал Касами ја очекуваат од Управниот суд, токму Касами ги разреши од партиските функции Африм Гаши и Скендер Реџепи./24 Vesti

Слични содржини