Судот во Стразбур пресуди во полза на Навални во спорот против Русија

од Vladimir Zorba

  Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди денеска дека рускиот опозициски политичар Алексеј Навални има право на отштета за судската пресуда што му беше изречена во 2014 година.

Руски суд ги осуди Навални и неговиот брат Олег за измама и перење пари. Навални тврди дека се работи за притисок од страна на руските власти против него. Двајцата беа притворани за овој и за уште еден случај на измама за кој беа обвинети.

Според Судот во Стразбур, оваа пресуда против Навални била „произволна и неразумна“.

– Победивме. Ви благодарам на сите за поддршката, објави Навални на својот Твитер профил по објавувањето на пресудата во Стразбур.

Навални е познат по неговите чести кампањи и протести против рускиот претседател Владимир Путин, кого го обвинува за корупција и автократија

Слични содржини