За жал, никој не е изненаден од фактот што „Титаник“ уште пред да заплови, удри во судска санта мраз. Не е тешко да се претпостави причината за оваа хаварија, односно зошто, и со каква аргументација Кривичниот суд го одбил барањето за притвор. Имено, помина цела година откако јавноста преку „бомбите“ ги слушна разговорите кои открија индиции за криминални активности на дел од осомничените во „Титаник“.

Katerina-BlazevskaСудот веројатно смета дека по една измината година мерката притвор е целосно беспредметна во однос на причините наведени од СЈО. Ако осомничените сакале да влијаат врз сведоците, веројатно таа работа одамна ја завршиле, бидејќи имале време и повеќе од доволно. Ова има смисла. Но, само делумно.

СЈО е нова институција и не би требало да ги чувствува последиците од активностите што ги преземало или не ги преземало другото обвинителство, во чија надлежност претходно беа предметите што произлегоа од содржината на следените комуникации. Да функционираше тоа обвинителство како што треба, немаше да се формира специјалното. Ако тоа побарало притвор, сега немаше СЈО да бара и да доставува докази за такво влијание.

Поради игнорирањето на оваа јасна причинско – последична релација, одбивањето на притворот не може да се потпира на амбицијата дека ќе биде прифатено како неутрална и политички незачинета одлука.

Второ, таа одлука е најилустративен пример за она што европски судски експерти го воочуваат во земјите со партиски колонизирани судски системи, каков што го сметаат и нашиот, а тоа е „игнорирање/слепило за контекстот и сурова екстензивност“.
Во спротивно, се праќаат сигнали дека со одредени п(р)опусти се инвестира во негување на културата на неказнивост за тие дела, толку типична за нашиве прилики.Во превод, ако станува збор за основано сомневање за изборни манипулации, а земјата е во предизборен период, најефективно се пристапува кон сите сегменти од постапката за тоа дело, бидејќи преку него, освен што чекор по чекор се ефектуира правдата, се праќа и силна општествена порака до сите што би помислиле да се занимаваат со такви незаконски активности.

„Титаник“ е прв случај во кој не е определен притвор за осомничени за „злосторничко здружение“. Не сакам да верувам дека посилни од аргументите биле некои звучни имиња. Но, за жал, многу индиции укажуваат дека во овој случај и оние што ќе следат, судството ќе се соочи со опасноста да биде претворено во „линијата Мажино“ на која власта предизборно ќе ја брани својата изгубена чест.

Сликите како нејзини функционери заминуваат во притвор, е она што власта никако нема дозволи да биде видено од „нејзиниот народ“. Секако, тоа ниту неа, а следствено и на судот, не им беше важно кога беа во прашање некои други луѓе, како на пример Велија Рамковски, Љубе Бошкоски, Ване Цветанов…

Не им беше важно ни кога одбраната бараше на бремена мајка затворскиот притвор да и биде заменет со домашен, поради сериозни здравствени проблеми. Судот веројатно немал силни аргументи за таква одлука како што има денес за други. Се сеќавате нели? Го одби предлогот. Мајката остана во притвор. И го изгуби детето.

Колумната на Катерина Блажевска во целост прочитајте ја тука

Слични содржини