Сугаревски: Ќе ги унапредиме водоводната и канализациската мрежа

од desk3
Продолжуваме неуморно да работиме на остварување на програмските цели на Владата и Министерството за транспорт и врски. Ветивме дека нашето министерство ќе биде сервис на граѓаните и општините, така и се однесуваме, порача министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Тој најави нов инвестициски циклус за изградба на водоводни и канализациски мрежи во повеќе од 20 општини, во вредност од околу 20 милиони евра.

„Со оваа нова инвестиција на Министерството за транспорт и врски, онака како што ветивме, започнуваме со реализација на проектот за унапредување на водоводната и канализациската мрежа. Особен акцент ставаме на руралните општини каде процентот на покриеност со водоводна и канализациска мрежа е 18 %. Наша цел е за 4 години овој процент да се зголеми на 40%, што е во функција на обезбедување рамномерен регионален развој и баланс меѓу урбаните центри и руралните средини“, рече Сугарески.

Истовремено, Министерството за транспорт и врски останува фокусирано и на изградба на комунална инфраструктура со цел да се обезбеди поквалитетен живот на граѓаните во Република Македонија.

„Сакам да потенцирам дека проектите од овој нов инвестициски циклус на Министерството за транспорт и врски ќе се реализираат во соработка со Европската инвестициска банка, КФВ банката и со Секретаријатот за економски прашања од Швајцарија. Структурата на финансирањето на овој циклус инвестициски проекти, кој изнесува околу 20 милиони евра, ја обезбедивме дел преку функционален и поволен заем, а останатите средства се неповратни средства кои ги обезбедивме преку грант со помош на нашите меѓународни партнери“, додаде Сугарески.

Прво, како што рече тој, во соработка со Европската инвестициска банка ќе се реализираат вкупно 18 проекти во висина од вкупно 7, 4 милиони евра. Од заемот од 50 милиони евра, кој се реализира преку Европската инвестициска банка, остануваат на располагање уште 19 милиони евра.

Второ, во соработка со КФВ банката обезбедени 8 милиони евра, од кои 5 милиони се грант – неповратни средства, кои ќе се инвестираат за проекти за подобрување на водоснабдувањето во општините Кавадарци, Радовиш и Гевгелија.

Во соработка со Секретаријатот за економски прашања од Швајцарија обезбедени се 4 милиони евра исто така грант – неповратни средства за подобрување на водоснабдувањето во општина Гостивар.

Слични содржини