Супербатерија направена од рециклирани стаклени шишиња (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Научници од Универзитетот во Калифорнија успеаја да изработат специфична наносиликонска анода која е важна компонента во батериите и дава повеќе енергија.

Кога се користат со литиум-јонски батерии, наносиликонските аноди може да складираат четири пати повеќе енергија во споредба со стандардните графитни аноди.

Дури и со денешните напредни програми за рециклирање, милијарди стаклени шишиња завршуваат во депониите секоја година.

Меѓутоа, шишињата содржат силициум диоксид, главната компонента при изработка на анодите, така што отпадот станува дел од оваа супербатерија.

Слични содржини