Суреа Таук: Гарантираме дека „Јахја Кемал“ е подготвено за старт на школската година

од desk3

„Јахја Кемал” е македонски бренд, се бави исклучиво со наука, а не со политика. Ги отфрламе сите шпекулации дека сме поврзани со некаква организација, вели директорот за односи со јавност на „Јахја Кемал“, Суреа Таук, во интервју за „Фактор“.

jahja-kemal1-e1472248115368

– Имаме пет сопственици од Турција кои се занимаваат исклучиво со образование, еден од Германија и еден од Македонија. За жал во незгодно време се појавија шпекулациите, ние на нашата „Фејсбук“ страница и веб-портал им гарантиравме на учениците и родителите дека сме спремни успешно да ја стартуваме школската година. Учениците и родители вчера беа видно вознемирени, но ние им кажавме дека нема простор за страв и паника. Имавме инспекциски надзор во седум области од образованието и го поминавме со највисока можна оценка – 4.00.Тоа е доволен доказ за нашата професионалност и посветеност во образовниот процес – вели Таук.

За изјавата на министерот за надворешни работи, Никола Попоски, Таук вели дека е повеќе дипломатска отколку политичка, а дека нивниот објект во Карпош е плод на првото роуд шоу во Турција на поранешниот премиер Никола Груевски.

Поповски пред два дена изјави дека владата има донесено одлуки по однос на барањето на Турција за затворање на неколку организации, меѓу кои и школи поврзани со свештеникот Фетулах Ѓулен, но не прецизираше какви одлуки биле донесени.

– Во поглед на прашањето за одлука на влада: да, владата има донесено одлуки. Сите одлуки што би ги носеле и ќе го носиме ќе бидат во согласност со нашето законодавство и со нашите национални интереси. Тоа било и ќе биде – рече Попоски.

Официјална Анкара го обвинува Ѓулен дека стои зад неуспешниот обид за воен удар во Турција, извршен на 15 јули. По ударот, турските власти, суспендираа и отпуштија околу 80.000 професори, судии, обвинители, полицајци, војници, дипломати и други државни службеници.

 

META

Слични содржини