Сувенирите и статуетките од „Скопје 2014“ ќе бидат отстранети од продажба

од Vladimir Zorba

Статуетките и сувенирите изработени според проектот Скопје 2014-та, ќе бидат отстранети од музеите и сувенирниците, најави министерот за култура, Роберт Алаѓозовски. Според него целиот процес ќе биде спроведен откако ќе се осмисли стратегија.

-Тие вршат свои истраги, државната ревизија го заврши својот извештај кој е во нацрт фаза. За многу од спомениците надлежна е општината Центар во однос на евентуално нивно остранување, преместување или други работи. Како Министерство нашата надлежност завршува со тоа што ние елаборатите понатаму ги доставуваме до соодветните државни институции. Сега им е оставено на структурите во Министерството, односно и на поранешната министерка да се произнесат по однос на тоа. Ние работите и од аспект на законска и административна процедура ги завршуваме. Во оној момент кога ќе ги завршиме останува да се види понатамошната судбина, односно реализација – додаде Алаѓозовски. 

Слични содржини