Терористичкиот напад е подарок на “Исламска држава” по повод  годишнина  на Калифатот

1467176616-se6

Тројца терористи-самоубијци извршија координиран напад  во големи размери на истанбулскиот  аеродром “Ататурк”. Напаѓачите прво се инфилтрирале како  патници и пукале по обезбедувањето на аеродромот со куршуми, по што се кренале во воздух. Како резултат  на тоа загинатите се најмалку 36, но се очекува нивниот број да се зголеми барем до 50. Повредени се над 147.

Патниците раскажаа за ужасот кој тие  го преживеале за време на нападот. Патничка од лет Киев-Истанбул, стана сведок на нападот на терористите во најголемиот  турски аеродром Ататурк,. Таа раскажа за “Ѕвезда” за тоа како  поминал нападот и како дејствувале службите за безбедност по експлозиите. Според зборовите на Ассел Омирбаева, меѓу патниците настапила паника. Органите на редот неколку часа се држеле во изолација  како исплашени сведоци на нападот.   “Слушнав грмотевица. Сите луѓе почнаа да бегаат во паника. Буквално по две-три минути се чу втора експлозија. Не успеавме да ја поминеме  ни пасошката контрола. Сите врати, сите излези беа блокирани. Бевме околу 500 лица, сите нè блокираа и нè вратија назад. Чекавме околу четири часа без вода и храна, во паника. Сите плачеа “, раскажа Омирбаева.1EB6A726-91AB-4BA0-840F-7648A309047B_cx0_cy4_cw0_w987_r1_s_r1

Влеговме во меѓународниот терминал и видовме како маж пука  во сите правци. Тој само пукаше  во сите луѓе кои беа пред неговите очи. Целиот беше во црно, без маска. Се наоѓав на околу 50 метри од него “, раскажа Пол Рос. Според Рос, патниците се криеле зад држачи, столбови…. Кога мажот престанал да пука, се слушнале две експлозии.

1467146909-101947756-ambulances-arriПотоа стрелецот  избегал, а потоа се чула уште една  експлозија. Патничка од лет Рига-Истанбул, слетала на аеродромот 15 минути пред атентатот, помислила за  експлозиите дека се  удари на молњи. “Автобусот токму ни беше тргнал од авионот. Во овој момент се слушна експлозија. Помисливме дека удри гром. Потоа се дозна дека тоа е експлозија. Во почетокот настапи врева, имаше многу загинати по земјата, салата беше уништена “, рече Татјана.  1467143203-sistemen-bufer-3

Претходно стана познато дека нападите во аеродромот на Истанбул се извршени од терористи-самоубијци. Како резултат на овие напади, според последните податоци, се убиени најмалку 36 лица.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека зад нападот стојат екстремистите од ДАЕШ. Корисниците на социјалните мрежи го поврзаа нападот во Истанбул со годишнината од создавањето на така наречениот  Калифат на “Исламска држава”, кој беше прогласен од водачот на групата Абу Бакр ал Багдади на 29 јули 2014 година.

1467155560-inx960x640 “Дали нападот во Истанбул е подарок на ID за самите нив, по повод прославата на годишнината од прогласувањето на калифатот?”, прашува професорот од Школата за  офицерски кадар на  морнарицата на САД Томас Џонсон во Twitter . Шефот на багдатската редакција на весникот The Washington Post Лавдеј Морис исто така тврди дека експлозиите избувнале неколку часа пред формалната “годишнина”.ист

Тројца терористи-самоубијци извршија координиран напад на истанбулскиот аеродром “Ататурк”. Напаѓачите прво пукале врз патниците со куршуми и обезбедувањето на аеродромот, по што се кренале во воздух. Како резултат  на овој терористички напад загинатите се најмалку 36, но се очекува нивниот број да се зголеми барем до 50. Повредени се над 147 лица на аеродромот  од кои најмногу се турски државјани.

https://youtu.be/HaxB7LQj-Q0

Слични содржини