СВЕДОК: Изборот за претседател во Кривичен ќе пропадне, Груевска ќе го води судот како в.д. претседател

од desk3

Скопскиот кривичен суд нема да добие претседател во ликот на ниту еден од тројцата пријавени кандидати, туку ќе се оди на варијанта да се поништи огласот, а до пролетта судот ќе го води судијката Дијана Груевска Илиевска-јави СВЕДОК

Вакво сценарио се подготвува во Судскиот совет, тврдат извори од таму, откако виделе дека на огласот се пријавиле тројца кандидати кои не им се по воља на мнозинството во Судскиот совет.

20160519_143429_pancevski1-670x451

За нов мандат конкурира актуелниот претседтел Владимир Панчевски и судиите Иван Џолев и Владимир Туфегџиќ.

Според информации од Судскиот совет и покрај целата работа што ја заврши Панчевски со неопределување на притвори за обвинетите во предметите на Специјалното јавно обвинителство, нема да добие нов мандат, туку нова позиција.

Судски совет не можел да ги покрие излетите на Панчевски, почнувајќи од кривичните пријави за „самовластие“ за што се води судска постапка во Битола, кривичната од судијата Џолев за влијание врз судија, кривичната од општина Центар за дивоградба, како и поплаки што ги дале судиите за притисоци во Кривичните совети (во кои Панчевски, надвор од годишниот распоред се стави да претседава и во Организиран криминал и во КС советот на судот) но и по серијата разместувања на разни пониски позиции на сите кои му се спротивставиле на наредбите.

Дополнително, неговиот морален лик преку јавното препукување со адвокати, новинари, со СЈО, ја прелеало чашата.

Иван Џолев пак нема да биде претендент бидејќи е во директен конфликт со Панчевски, кој пред телото за утврдување на факти пак, побарал негово разрешување.

Повеќе ТУКА

Слични содржини