Сведоците на СЈО ќе останат незаштитени оти Собранието се распушта на 11 Октомври

од Vladimir Zorba

14348980_10154464533444804_665966202_n

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вчера апелираше Собранието да ги донесе измените на Законот за заштита на сведоци, но пратениците, дури ни оние од опозицијата не сторилe ништо да се донесат овие измени, информира порталот СакамДаКажам.
Таа иницијативата до Собранието ја поднесе на 1 април, неколку дена пред аболицијата за 56 политичари и нивни соработници што ја прогласи претседателот Иванов за осомничени или под истрага на Специјалното јавно обвинителство. Од тогаш до сега Јанева неколку пати апелира да се донесат измените, за да може докрај автономно да ги води истрагите.

„Апелирам Собранието да ги донесе измените на Законот за заштита на сведоци кои ги поднесов јас како Специјален јавен обвинител, за да влезе ова јавно обвинителство во сржта на предметите за Мартин Нешковски, Монструм и Сопот“, рече специјалната обвинителка Катица Јанева на презентацијата на вториот 6-месечен извештај на СЈО.

Но, додека СЈО чека Владата или барем некој од пратениците или пратеничките групи во Собранието да ја преточи во законска измена нејзината иницијатива за измена на Законот за заштита на сведоците, време снемува. Собранието се распушта на 11 октомври. Сведоците на СЈО остануваат незаштитени.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини