Светата џамија за влакно се спаси од жесток масакр!

од desk3

 

Силите за безбедност во Саудиска Арабија спречија голем терористички напад во Масджид ал Харам, познат како Светата џамија, објави ББС.  Бомбаш самоубиец експлодирал кога бил опкружен од вооружените сили во зградата во која се забарикадирал. Зданието се урнало, повредувајќи 11 лица. Петмина од повредените вооружени сили се примени во болница за лекување. Масджид ал Харам се наоѓа во светиот за муслиманите град Мека. Таа е најголемата џамија и може да прими  милиони муслимани од целиот свет, кои се собираат во Мека за крајот на светиот месец Рамазан. Од саудиското МВР најавија дека се уапсени пет лица – вклучувајќи една жена, кои се осомничени за учество во крвавиот заговор. Властите се обидуваат да го утврдат идентитетот на бомбашот, но сигурни се дека станува збор за странско учество. Од Ријад посочија дека странските сили сакаат да ја дестабилизираат земјата.

Слични содржини