На социјалната мрежа Фејсбук Светскиот Македонски Конгрес чиј претседател е Тодор Петров, го осуди денешниот напад врз него и соопшти дека тој е вон животна опасност и под медицински надзор. Во продолжение следува интегралното соопштение од СМК:

551175_1393553340875935_675037811_n

Светскиот Македонски Конгрес најостро го осудува денешниот физички напад врз Господин Тодор Петров и очекува брза и одговорна реакција на соодветните надлежни органи во Државата согласно законите и прописите пропишани во институциите на државата.

СМК предупредува дека ваквите и слични инциденти не смеат да доведат до нарушување на јавниот ред и мир ,а посебно до меѓу етничките односи во државата. Македонската јавност не смее да биде жртва на разноразни мрачни сценарија на поединци и фактори кои би воделе кон уште поголема дестабилизација на состојбите во Македонија. Војна со верски симболи по пат на кршење на сите законски прописи со намера за симболично демонстрирање на контрола на одредена територија не смеат да бидат дозволени. Таквите постапки не се својствени на едно демократско и цивилно општество и треба да бидат осудени од секого.

Мирот во државата почива врз почитување на Уставот и законот на Република Македонија.

П.С.Ја известуваме Македонската јавност дека Господинот Тодор Петров е вон животна опасност и е под медицински надзор во овој миг.

Проф.Нестор Огинар, Потпретседател на СМК

Слични содржини