Десетици светски лидери се собраа денеска во Ерусалим, за да испратат поранешниот израелски претседател
Десетици светски лидери се собраа денеска во Ерусалим, за да го испратат поранешниот израелски претседател Шимон Перес во неговиот последен пат, пренесоа светските агенции. Погребот започна утрово на ридот Херц во светиот евреијски, христијани и муслимани град. Перес почина во средата по мозочен удар. Ковчеготот на починатиот добитник на Нобеловата за мир во 1994 година беше носен од војници и завиткан во знамето на Израел
Шимон Перес ги собира денеска во Ерусалим светските лидери!
Тој беше проследен под придружба на религиозна химна, испеана од рабини. На церемонијата присуствуваа американскиот претседател Барак Обама, францускиот колега Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел, принцот Чарлс и други.