Светски ден на книгата и авторското право

од Vladimir Zorba

Денес е Светскиот ден на книгата и авторското право

23 април е  симболичен датум за светската литература, а во име на  основањето на Светскиот ден на книгата и авторското право (World Book and Copyright Day). Светскиот ден на книгата и авторското право е дел од календарот на УНЕСКО. Со празнувањето на овој ден во целиот свет, УНЕСКО се стреми да го промовира читањето, издаваштво и заштитата на интелектуалната сопственост преку авторското право. Денот е празнувањето за прв пат во 1995 година. На овој датум во 1616 година починале Мигел де Сервантес и Инка Гарсиласо де ла Вега. Тоа е датумот на раѓање или смрт и на други истакнати автори како Вилијам Шекспир, Морис Друјон, Халдоур Лакснес, Владимир Набоков. Тоа го аргументира изборот на Генералната конференција на УНЕСКО во овој ден целиот свет да им оддаде почит на книгите и нивните автори, охрабрувајќи ги  сите, а особено младите, да ги открие задоволството од читањето и да го почитуваат придонесот на оние кои придонесуваат за социо-културниот прогрес на човештвото. Идејата за овој празник потекнува од Каталонија, каде на 23 април, денот на св. Ѓорѓи Победоносец, традиционално се подарува книга.

Во 2017 година за Светска престолнина на книгата е избрана главниот град на Гвинеја Конакри. Титулата “Светска престолнина на книгата” се доделува од УНЕСКО за прв пат во 2001 година на Мадрид и оттогаш секоја година еден светски град ја добива оваа титула поради посветеност на каузата на книгата, читањето, создавањето и пристапот до книгите – преку библиотеки, книжарници, издавачи, образовни институции и сите активности поврзани со ова чудо на човековата цивилизација. Генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова објави  дека грчката престолнина Атина  е назначена за Светска престолнина на книгата за 2018 година

Слични содржини