Свикана итна седница на ОН поради немирите во Ерусалим

од desk2

Советот за безбедност на Обединетите нации ќе се состане утре на итна седница, на барање на Франција, Шведска и Египет, поради насилствата во Ерусалим, објавија дипломатите во сабота, додека палестински извори јавуваат за две нови жртви на Западниот брег.


Седницата на Советот за безбедност е прилика да се расправа за смирување на напнатоста, обајави шведскиот амбасадор во ОН, Карл Скау.

Палестинското министерство за здравство објави дека двајца Палестинци го изгубија животот во сабота во немирите со израелските безбедносни сили на Западниот брег.

Тие загинаа еден ден по жестокото насилство кое изби поради новите сигурносни мерки на платото пред џамија.

Слични содржини