Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека слушањето музика подолго од еден час на ден може да биде опасно за слухот, соопштува Би-Би-Си.IMG_1246-Edit-1(pp_w607_h404)

Според СЗО над 1 милијарда тинејџери и млади возрасни се изложени на опасноста од постојана загуба на слухот, бидејќи слушаат премногу музика и премногу силно. Исто така закана за слухот се и концертите и баровите, кои се посетуваат од многу млади.

Според организацијата во моментов 43 милиони луѓе на возраст меѓу 12 и 35 го изгубиле слухот и овој број се зголемува. Во оваа возрасна група половина од лицата со високи и средни примања се изложени на нездрави нивоа на звукот од своите звучни уреди, а на 40% им се заканува инвалидност поради барови и клубови.

Покрај слушањето на музика до час, штетата од силните звуци можат да бидат ограничени и со ограничување на гласноста на радиото или плеерот до 60% од својот максимум. Исто така организацијата препорача употреба на слушалки кои елиминираат надворешни звуци, за да може да не се зголемува непотребно музиката. Добро е да се прават и паузи во слушањето и да не се стои во близина на колони во баровите и дискотеките.

Слични содржини