Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека во 2014 го забележала највисокиот број на нови случаи на инфицирање со ХИВ во Европа и Централна Азија, откако таква статистика се води.4527787

Организацијата на ОН и Европскиот центар за превенција и контрола на зарази (ЕЦПКЗ) објави заедничко мислење дека повеќе од 142 000 луѓе во Европскиот регион на СЗО биле заразени со ХИВ во 2014 година.

Сериозното зголемување доаѓа од источниот сектор на регионот, кој ги вклучува Русија , Украина и Централна Азија.

Предавањето на хетеросексуален пат е најчестиот начин на заразување, кој стои зад порастот во источниот регион. Преносот преку повторно користење на игли при инјектирање дрога исто така, останува сериозна причина, се вели во заедничкото соопштение.

Во овој регион се забележува удвојување на заразените со ХИВ во последните 10 години. Во ЕУ и Европската економска заедница главна причина за пренесување на ХИВ останува хомосексуалниот секс, но во овој регион бројот на инфицирани останува речиси непроменет во текот на последната деценија, покажуваат уште податоците.

Слични содржини